Јас сум коњ

07.08.2013 09:12
Јас сум коњ

Јас патувам во воз
преполн патници
во моето купе
на секое седиште седи по една жена
што држи на своите колена по еден маж
неиздржливо е топло
вистинска тропска атмосфера
сите патници
имаат огромен апетит
без прекин јадат
одеднаш мажите почнуваат да јачкаат
бараат цице
сакаат да цицаат
ги отпетлуваат градниците на жените
ја земаат дојката
Тие се насладуваат со убавото свежо млеко
само јас не цицам никого
ниту пак некој мене ме цица
никој не ме става на колена
зашто јас сум коњ
седнат сум исправен и голем
врз моите задни нозе
на железничката клупа
се потпирам удобно
со предните нозе
вискам весело иииииии
на моите гради блескаат
шесте копчиња на телесната привлечност
убаво поредени
како блескави копчиња од некоја униформа
о колку светот е мал
о колку црешите се големи

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Жан Арп

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото