Сатарчето на власта не бира дрвца

12.09.2013 09:35
Сатарчето на власта не бира дрвца

Сите борци за слобода и демократија се на црниот список на власта. Таа ги демне дење и ноќе и чека да ги смести во притвор, под обвиненија, дека го прекршиле законот, не на РМ, туку на ДПМНЕ! Доколку тоа не ѝ успее, тогаш самата ги мести или нив, или нивните блиски! Им подметнува туѓи јајца, како кукавиците.

Но таа има и свои поданици, жртвени јарци, за истата намена. Тие што мислат дека куртулиле од даноци, инспекции, мали плати, безработица, па си го дале газот на заем, може многу лесно да завршат со лисици на рацете - како реципроцитет во апсењата, нели. Новинар, актер, политичар и сопственик на најгледан медиум се во затвор. Членови од опозицијата звршуваат пред суд. Со кого тоа се пресметува власта, под превезот на „законите и уставот“ на РМ и со каква намера?

Дали ќе го минеме остатокот од нашите животи како во темни ќелии, будејќи се секое утро од звукот на клучевите на чуварот, небаре ги отклучува вратите на осудениците на смрт, со прашањето - кој е следниот?!

Немој да мислиш дека ако молчиш и си сокриен ќе куртулиш. Сатарчето на власта не бира дрвца, сече сè што може да ѝ овозможи заработка!

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња