Говорот на омраза стана човеково право во Македонија

25.09.2013 15:22
Говорот на омраза стана човеково право во Македонија

Скопје, 25 септември 2013

На денешното гласање во Собранието на Република Македонија, со убедливо мнозинство беше усвоен предлогот на владејачката ДПМНЕ говорот на омраза да се заштити како човеково право.

Главен поборник за воведување на новото граѓанско право беше пратеникот Илија Спиновски, кој имаше силна поддршка и од колегата Влатко Творчев.

„Оваа одлука на Собранието означува почеток на нова ера. Доста беше дискриминација и потиснување во себе на нагонот за јавно навредување и оцрнување. Да им е**м мајката на педерите, комуњарите, и сите со вера, националност и ставови различни од моите“, изјави новинарот Дебиленко Саботковски, кој најави дека ќе го користи говорот на омраза уште поактивно отколку порано.

Одлуката ја поздрави и познатиот новинар Драган Павелиќ Гебелс, кој рече дека ова е само формално легализирање на неговата долгогодишна практика.

Слободата за практикување говор на омраза ја поздрави и здружението Александрово новинарско перо, во чие име зборуваше Свирка Немиловска.

„За разлика од мрачното време на лицето БЦ, слободата на говорот и медиумите денес цвета. Ова е само уште еден чекор напред во тој поглед“, изјави Свирка за Пара вести, додавајќи список навреди упатени кон повеќе општествени групи.

Екипата на Пара вести за сега одлучува да не го користи правото на говор на омраза и нема да ги пренесе навредите.

Слика: Свирачиња