Во борба, македонски народе!

11.10.13 09:06

Со векови окованa во пранги
под ропство пишти Македонија,
појќе не трпиме бесчесни лаги
во бој последен борци влегоа!

РЕФ:
Во борба, во борба, во борба,
македонски народе!
За света народна слобода
со песни и радост се мрее!

Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее
во гори, полја и на сите страни
фашис’ка крв насекаде се лее.

Синови сме на наш’та татковина,
на илинденските наследници
строиме живот, слобода, иднина,
за, жени, деца, старци, младинци.

ОкоБоли главаВицФото