Активистки додаваат женски хероини на Википедија на македонски

24.03.2014 09:05
Активистки додаваат женски хероини на Википедија на македонски

Слика на Фејсбук од основниот тим на Женска архива која генерираше стотици лајкови или споделувања. Во описот на сликата се поставени линковите кон новите статии.

Неформалната група граѓанки „Бори се женски“ (@borisezenski), организираше мини маратон за додавање статии за важни жени од Македонија на Википедија со цел да ја подигнат свеста за женските права и родовата еднаквост.

Како дел од иницијативата, активистки работеа во рамки на прославата на Меѓународниот ден на жената насловена „Прво, па женско“ (пародија на популарната балканска изрека со која се истакнува важноста на првородените машки деца „Прво, па машко“), а им се придружија и активисти кои придонесуваа од дома, координирајќи се преку хаштаговите #ЖенскаАрхива и #WikiFem.

Активистите кои, според нив, се бореа „против заборавот“ успејаа да создадат 40 написи во текот на еден ден, со кратки биографии на важни жени, почнувајќи од првите феминистки и активистки за човекови права од почетокот на XX век, преку жени-борци за слобода во НОБ, до современи научнички и уметници.

Извор: mk.globalvoicesonline.org

ОкоБоли главаВицФото