Нов материјал што овозможува складирање на сончевата топлинска енергија

30.04.2014 10:46
Нов материјал што овозможува складирање на сончевата топлинска енергија

Досега најголемиот проблем со сончевата енергија беше тоа што таа не можеше да се користи секогаш кога им е потребна на потрошувачите, но изгледа дека и тој проблем ќе биде решен.

Тим истражувачи од МИТ Харвард се фати во костец со овој проблем, користејќи нов материјал кој ја апсорбира сончевата топлинска енергија, ја складира и ослободува по потреба. Професорот по наука и технологиија на материјали Џефри Гросман од МИТ вели дека ваквиот материјал може да промени многу нешта на пазарот на енергија, бидејќи овој материјал може да ја складира и дистрибуира сончевата енергија како топлина.

„Големите системи за собирање сончева енергија мораат значително да напредуваат во технологијата на складирање на истата за успешно да се носат со глобалните енергетски барања“, вели тој.

Научниците тврди дека нивните резултати покажуваат дека соларните термални горива, кои се состојат од хибридни молекули, значително го подобруваат складирањето, зголемувајќи ја потенцијалната енергија на молекулите со одбивање на електроните и атомите кои не се директно врзани. Тие сметаат дека нивниот метод ветува многу во производството на енергија која се користи за греење, готвење или генерирање топлина во индустриските објекти. Но, проблемот лежи во тоа што нивното решение не е ефикасно за сите намени на електричната енергија.

Нивниот пронајдок се темели на тоа што некои молекули можат да попримат два различни облици, како да имаат прекинувач на средината. Кога се изложени на сонце, молекулите ја апсорбираат енергијата и ја менуваат својата конфигурација, што ги прави стабилни долго време. Понатаму, кога ваквите молекуле се под влијание на мала количина светлина, топлина или електрична енергија, тие повторно ја менуваат својата конфигурација и испуштаат топлина. Тоа значи дека се однесуваат како термални батерии кои земаат топлинска енергија од сонцето, ја складираат на неодредено време и на крајот ја испуштаат по потреба.

За разлика од фосилните горива кои се необновливи извори на енергија, овие материјали можат да се употребат повеќе пати и немаат емисија на штетни гасови. Сето тоа им дава голема предност во однос на конвенционалната технологија. Истражувачите велат дека со докажувањето на способноста на овој материјал се чекор поблиску до неговата комерцијална употреба, но потребно е уште многу време за да се равие практичен систем за секојдневна употреба.

Извор: IScienceTimes