„Сунѓер“ кој ја претвора сончевата енергија во пареа за производство на електрична енергија

01.08.2014 09:38
„Сунѓер“ кој ја претвора сончевата енергија во пареа за производство на електрична енергија

Речиси целата електрична енергија се произведува со помош на пареа. Било да станува збор за нуклеарна електрана или електрана на јаглен, потребно е одредено гориво за да се произведе топлина. Таа топлина се користи за загревање на вода, односно производство на пареа која под висок притисок удира во перките на турбините. На крајот, турбините со помош на генераторите произведуваат електрична енергија.

Научници од MIT конструираа нов материјал за претворање на сончевата енергија во пареа. Нивниот дизајн во блиска иднина би можел да доведе до ефикасно, евтино и прифатливо решение за производство нa електрична енергија. Исто така, пареата би можела да се користи за десалинизација и греење.

Овој материјал се состои од слој графит кој се наоѓа на слој од карбонски сунѓер, кој плови на вода. Кога сончевата светлина доаѓа до површината, доаѓа до загревање на местата на кои се наоѓа графитот, кој ја „повлекува“ водата низ порозниот материјал, и загреаната вода се претвора во пареа. За сега материјалот успеал да претвори 85% од сончевата енергија во пареа и притоа имало многу мала загуба на топлина.

Стандардните соларни термални електрани ја концентрираат сончевата светлина во течност која е потребно да се загрее и за тоа е потребна речиси илјада пати поголема енергија отколку што е достапна во текот на еден просечен сончев ден. Од друга страна, пристапот на MIT за производство на електрична енергија бара само десет пати повеќе енергија, што би значело и многу помала инфраструктура и многу помали трошоци за изградба.

Научниците се надеваат дека ова е почеток на нова генерација соларни термални електрани кои би можеле да го променат начинот на кој произведуваме електрична енергија.

Извор: newsoffice.mit.edu

ОкоБоли главаВицФото