Фашизмот од нашиот сокак

12.05.2014 11:51
Фашизмот од нашиот сокак

Наместо да се фокусира вниманието на сегашната, актуелна опасност од фашизмот, со парадите, говорите и со други пригодни културно-уметнички манифестации по повод 9 Мај, тоа се насочува кон минатото, како кон нешто што одамна и било и поминало. Жртвите и страдањата – ненадминати во целата историја на човештвото – станаа дел од забавната општествено-политичка естрада, наместо основа на образовниот систем. Спремни сме за еднодневна прослава, наместо за секојдневна борба против фашизмот.

Не сме обучени за тоа, не знаеме - или не сакаме - да ги препознаеме, да ги видиме многу често и најочигледните симптоми на фашизмот кај нас, тука и сега. Можеби власта не се осмелува да врзува жолти ленти, ама затоа премногу лесно лепи етикети на цели групи, особено на политичките противници, претворајќи ги во цел врз која се дозволени и оправдани нападите, секакви и од секого; ги велича, наградува и храбри членовите на својата партија и ги прогласува за предавници на каузата сите што не се согласуваат со неа; шири страв, омраза и инсистира на традицијата, нацијата, на потеклото и тлото; го ништи критичкиот дух, зашто прави разлики, а разликувањето е знак на модернизмот; повикува на завршни пресметки и толерира скалпели и слични аргументи во „борбата на мислења“...

„Оваа генерација заслужува да биде дел од Европа и дел од прогресивниот свет“, рече претседателот Иванов на вчерашната прослава. Да, но само ако сфати дека слободата и ослободувањето се задача што не завршува.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото