Билборди претворени во дом за бездомници

05.09.2014 09:30
Билборди претворени во дом за бездомници

Во изминатите 150 години, колку што постојат рекламните плакати и паноа по улиците, многу нешта се промениле во нивниот изглед. Сега сме на прагот на воведување на нови промени, многу значајни и хумани.

Архитектонската и дизајнерска компанија DesignDevelop од Словачка неодамна го претстави својот нов проект, во кој предлага претворање на традиционалните билборди со триаголна основа во мали куќи.

Куќичките би требало да претставуваат дом за бездомниците кои живеат наоколу, а би содржеле бања, кујна и кревети. Сепак, останува да се види колку ваквиот тип домови би биле практични за употреба.

Надоместот за просторот за огласување би ја намалил цената на изградба, а од словачката фирма велат дека со оптимизација на електричната енергија со која билбордите веќе се напојуваат, навечер би можело да се постигне нејзино користење без дополнителни трошоци.

Извор. klix.ba

ОкоБоли главаВицФото