Воведувањето законски задолжителна употреба на кацига НЕ води кон безбеден вело-град!

19.09.2014 11:12
Воведувањето законски задолжителна употреба на кацига НЕ води кон безбеден вело-град!

Задолжителната употреба на кацига шири впечаток дека возењето градски велосипед е опасно. Од што планираат надлежните законски да ја штитат главата, и само главата на велосипедистите?

1. Од судир со возило? (кој не би се случил при издвоена вело патека од коловоз)

2. Од пад на вело-патека? (кој не би се случил доколку рабниците се слеани и не се премачкувани со боја која предизвикува лизгање на тркалото, кој не би се случил доколку нема дупки и отворени шахти на вело патеките)

3. Од удар во фиксен објект? (кој не би се случил доколку се отстранат билбордите, кантите, знаците, бандерите и куп други пречки на вело-патеките)

4. Од судир со пешак? (кој не би се случил доколку автобуските постојки не се поставени на самите вело-патеки)

Слепата верба во комплетната безбедност на вело-кацигите е опасна. Наместо законско наложување да се употребува кацига, неопходно е институционално и долгорочно да се работи на градење безбедна вело инфраструктура.

Скопје ќе врти безбедно единствено преку функционална велосипедска инфраструктура!

Воведувањето законски задолжителна употреба на кацига НЕ води кон безбеден вело-град!

Извор: www.facebook.com/NaTochak