Германски универзитет организира научна конференција за ќебапчиња

04.11.2014 10:46
Германски универзитет организира научна конференција за ќебапчиња

Истражувачкиот центар на германскиот Универзитет Гисен од 17 до 19 септември 2015 година во градот Гисен организира научна конференција под наслов „Од кебап до ќебапчиња: храната во османлиска Европа“.

Целта на научната конференција е да се развијат односите меѓу академските дисциплини од Турските студии и Јужно-источните европски студии како и европската историја.

Исто така, на конференцијата ќе се претставуваат трудови за описот и знаењата за храната од времето на османлиското владеење во Европа и влијанието на османлиската кујна врз европските земји.

Се очекува истражувачите да претставуваат трудови за начинот на подготовка и конзумирање на храната за време на османлискиот период и влијанието кое храната го има врз конструкцијата на општествената и верска припадност.

Во повикот за конференцијата се наведува дека се повикуваат истражувачите со тудови за начинот на ширење на храната од едно на друго место, со посебен осврт за тоа како кепабот се претворил во ќебапчиња.

Сите заинтересирани за учество на меѓународната конференција можат да се пријават до 15 декември оваа година.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото