Креативен викенд во Дамар

26.12.2014 01:35
Креативен викенд во Дамар

На 27 декември (сабота), во кафе барот „Дамар“ со почеток во 20 часот ќе се одржи годишната презентација на четвртата сезона Креативни викенди кој се одржуваат во селото Лазарополе, чија примарна цел е вмрежување на македонските културни и уметнички сцени.

На самиот настан координаторите на проектот Јован Ламбески и Тони Димитров ќе го објаснат концептот на проектот Креативен викенд, а покрај презентација на минатите изданија на проектот и претставување на идеите за следните работилници, публиката ќе има прилика да погледне и фотографии, цртежи, видеа, слики, да чуе поезија, кои произлегоа како резултат на претходните изданија на креативните викенди, воедно и да се запознае со тоа како поминаа презентациите на проектот во Белград, Париз и Уден.

По проектниот, вечерта ќе продолжи со музички дел, каде својата музика ќе ја претстават Мартчин, Балтроник, Мартин и Тони Димитров.

ОкоБоли главаВицФото