Музичар сними нова музика за култниот филм „Бојата на калинките“

03.03.2015 17:44
Музичар сними нова музика за култниот филм „Бојата на калинките“

Николас Жар е американско-чиленаски музичар кој живее и работи во Њујорк. Тој е дел од бендот Darkside, кој компонира експериментална и амбиентална електронска музика и е сопственик на издавачката куќа „Other People“.

Фасциниран од култниот филм „Бојата на калинките“ (1969) на режисерот Сергеј Параџанов, Жар решил да се обиде да го „облече“ со својата авторска музика.

Иако многумина ортодоксни фанови на Параџанов и „Бојата на калинките“ можеби ќе го доживеат како бласфемија заменувањето на оригиналната музика на Тигран Мансурјан, првичните реакции на социјалните мрежи за новата музика на Жар се одлични.

Подолу можете да го погледнете целиот филм со музичка позадина на Николас Жар.

Նռան գույնը (1969) - OST by Nicolas Jaar from NICOLAS JAAR on Vimeo.

Извор: www.nicolasjaar.net