Зелена архитектура и еко градови

08.03.2010 12:14
T-eco-3.jpg

Наречете го одговорност или долгорочно размислување. Или едноставно одговор на барањата на сегашниов миг. Рафинираниот свет на дизајнот почнува да се вклопува во природата како никогаш досега. Врвните архитекти спроведуваат револуционерни методи. Главните производители на мебел и облека создаваат производи користејќи обновливи материјали. Зад сцената менаџерите кои воведуваат нови начини на размислување и работење преземаат голем ризик сето тоа да се реализира – и истовремено да изгледа убаво.


Taliesin Mod.Fab

Скотсдејл, Аризона; Автори: Студенти на Френк Лојд Рајт школа за архитектура.

Веќе 70 години студентите на Френк Лојд Рајт школата за архитектонски дизајн конструираат и живеат во објекти што самите ќе ги изградат – станува збор за програма која би можела да се нарече „сам направи свој студентски дом“. Mod.Fab е еколошки свесен прототип што произлезе од ова искуство. Автори на проектот се студенти. Објектот има потенцијал да се произведува комерцијално. Направен од плочи, со покриени надворешни простори, овој компактен дом потсетува на толку типичните форми на Френк Лојд Рајт. Благодарение на еколошките системи за контрола, како на пример складиштата за дождовница и системот за искористување на сончевата енергија може да се користи и приклучен и исклучен од електричната мрежа.


One Hawort Center

Холанд, Мичиген; Дизајн: Перкинс & Вил; Архитект: Ралф Џонсон

Хаворт произведува канцелариска опрема – столови, маси, дури и подови за канцеларија. Според тоа главните канцеларии на компанијата би требало да бидат пример за она што тие го произведуваат. Откако извршија темелно реновирање на просторот и проширување, се реализираше и оваа идеја. Новиот објект има сертификат Златен LEED (Водач за дизајни во кои се посветува особено внимание на рационалното користење на енергија и за односот кон природата, заб. на прев.) Има трикатна стаклена аула и подвижен зелен покрив. Иако објектот е околу 20% поголем од претходниот, тој нема да троши повеќе енергија.


Maliby Lumber Yard, Калифорнија

Малибу, Калифорнија; Автори: дизајнерска група Valleycrest

Овој дизајн претставува комбинација на концептите „Калифорнија сонувајќи“ и „купувај-додека-не-цркнеш“. Станува збор за продажен центар со супериорен квалитет. Објектот целосно се вклопува во локалните обележја и пејзаж. Во објектот е имплементирана технологија за зачувување на водата и прочистување на искористената вода. Исто така во објектот е поставен дрвен под кој може да се обновува.


Кулата во Шангај

Шангај; Shanghai; Дизајн: Генслер

Кога ќе биде завршена во 2014 година, Кулата во Шангај ќе биде највисоката зграда во Кина. Ќе се состои од две ротирачки фасадни слоја, меѓу кои ќе се бидат поставени бројни апарати за подобрување на квалитетот на воздухот и атриуми со градини. Ротирачкиот дизајн ја намалува силата на ветерот, а оградата ја собира дождовницата, која се користи во системите за греење и за ладење.


Меѓународен конгресен центар во Мадрид

Мадрид; Дизајн: Mansilla + tuñón + Peralta Arquitectos

Замислен како сонце што изгрева над Мадрид, конгресниот центар, кој треба да биде завршен во 2012 година, создава прекрасна силуета на градскиот хоризонт. Покриен со 21000 шестоаголни сончеви панели поставени во форма на кошница, објектот вклучува систем за искористување на водата од дождот.


Линдал домови

Дизајн: Turkel

Создавајќи домови по нарачка во текот на повеќе од 60 години, Линдал има огромно искуство во градење куќи кои се ефикасни од гледна точка на природата. Од девет куќи направени со Turkel дизајн, избрани се неколку – од 630 до 810 квадратни метри. При изградбата е вложен огромен труд да се намали употребата на материјалите.

Вертикална фарма за преработка на морска вода

Дубаи; Дизајн: Studiomobile

Произлезена од грижите поврзани со зголемувањето на бројот на жители, а намалувањето на залихите од свежа вода, оваа футуристичка – сè уште само концептуална – кула е дизајниран како одржливо средство кое морската вода ќе ја претвора во вода за пиење. Фармата која вклучува 5 зелени куќи што личат на кокосов орев, треба да ја претвора солената вода користејќи прилично едноставни процеси базирани врз кондензација на жешкиот, влажен воздух.


Еколошки градови

Еколошкиот град Тианџин

Сместен во Кина и развиен во соработка со Сингапур, овој град ќе ја употребува непотребната топлина од електричната централа во близина. Во градот се потенцира еколошкиот начин на употреба на средствата за транспорт и рециклирањето на водата.


Островот Зира Зеро

Станува збор за острови од брегот на Азербејџан. Стратешки поставените соларни плочи овозможуваат еколошка енергија, која ја надополнуваат поставените ветерници.

Гванџио

За разлика од типичните градови сместени во долини на Јужна Кореа, каде што намалениот проток на воздух создава смог, во овој град основната идеја е зелениот простор да се гради угоре, при што се имитираат моделите на ридови и долини. Секоја кула би требало да има балкони раскошно исполнети со растенија.

Извор: time.com

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото