Урбана вертикална градина во шише

11.03.2013 10:35
Урбана вертикална градина во шише

Иако поимите како што се урбани градини, вертикални зелени ѕидови и пермакултурни системи не се никаква новост, новите начини на нивна интерпретација секогаш одново нè развеселуваат.

Во склоп на проектот Home Sweet Home, мултидисциплинарното дизајнерско студио Rosenbaum во соработка со ТВ продуцентот Лусијан Хак, во предворјето на една станбена зграда во Бразил постави една, по сè изгледа, необична вертикална градина. Празните пластични шишиња со коноп се поврзани во една единствена мрежа, закачени се на вертикален ѕид, наполнети со земја, а во нив се засадени различни билки.

Вака компонираниот зелен систем не зазема никакви дополнителни хоризонтални површини, чиј што недостиг толку често се зема како изговор за недостигот од зеленило и градини во нашите градови; сè што ви е потребно е еден добро осветлен вертикален ѕид, искористени пластични шишиња кои може да ги најдете во секое домаќинство и малку труд. Интернетот е преполн со квалитетна литература на таа или на слични теми и можете лесно да се информирате.

Во светот каде што земјоделските површини се исцрпуваат со одгледување на постојано истите посеви, биоразноликоста (и квалитетот на храната) драстично опаѓа, а сè поголеми средства се вложуваат во генетскиот инженеринг (и има сè повеќе гладни), можноста за дизајнирање на сопствена, самоодржлива градина, па макар и на слободна вертикална ѕидна површина, е голема предност и извонредна алтернатива за масовно произведената храна за чиј што хемиски состав не сакате ни да размислувате. Тогаш, зошто уште оваа пролет да не почнете со дизајнирање на сопствена зелена оаза?

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото