Градови-шуми: радикален план на италијански архитект за спас од загадениот воздух

22.02.2017 12:30
Градови-шуми: радикален план на италијански архитект за спас од загадениот воздух

Италијанскиот архитект Стефано Боери, познат по проектот „Вертикална шума“ во Милано (две кули меѓу кои се наоѓаат повеќе од 1.000 стебла), го претстави планот за сличен проект во источниот кинески град Нанџинг.

Кога Боери ја замислува иднината на урбана Кина, гледа многу зеленило. Хотелите и домовите треба да го интегрират растителниот живот во своите фасади и на тој начин да обезбедат свеж воздух во метроплата која се гуши во смог.

Комплексот ќе се состои од две кули прекриени со 23 различни дрвја и повеќе од 2.500 грмушки. Во комплексот би биле сместени деловни простории, луксузен хотел со 247 соби и школа за пејзажна архитектура.

Но, Боери има план да создаде во Кина „градови-шуми“.

„Ме замолија да дизајнирам цел град во кој сите згради нема да бидат облакодери, туку ќе се состои од 100 или 200 згради со различни големини на кои ќе има дрвја и други растенија на фасадите. Многу сериозно работиме на осмислување на овој комплекс згради, а мислам дека нивната изградба ќе почне до крајот на годината“, изјави Боери за Гардијан, додавајќи дека до 2020 година ќе имаме можност да го видиме првиот зелен град во Кина.

Сепак, истакнува дека е потребно многу повеќе од неколку облакодери прекирени со дрвја за да се исчисти воздухот во загадената Кина.

„Две кули во толку големо опкружување како што е Нанџинг се мал придонес. Но тоа е пример и се надевам дека моделот на вертикални шуми ќе биде копиран и реплициран“, вели Боери.

Извор: The Guardian

Слични содржини

Јавни Простори / Екологија
нема
Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото