Највисоката вертикална градина во светот

15.01.2015 03:53
Највисоката вертикална градина во светот

Францускиот архитект Жан Нувел во соработка со ботаничарот Патрик Блан проектираше зграда во Сиднеј прекриена со вертикални градини. На зградата има вградено и огромно огледало поставено да рефлектира светлина во низа катови.

Комплексот е наречен „One Central Park“ и е изграден во центарот на Сиднеј. Западната кула е висока 84 метри, додека источната е висока 117 метри. Двете згради во себе содржат станбени единици, западната 240, додека источната вкупно 383, вклучувајќи и 38 апартмани на врвот. Овие апартмани имаат пристап до покривната градина на височина од 100 метри.

Фасадата на зградата ја содржи најголемата вертикална градина на светот, дизајнирана од Патрик Блан. Вкупната површина на градната е околу 1.000 квадратни метри, составена е од 21 панел и има вкупно 35 различни видови билки.

Комплексот дополнително доби и специјални огледала кои фрлаат светлина на пониските катови. Конструкцијата е сочинета од 320 огледала, а навечер е осветлена со ЛЕД светилки.

Хидрофонијата овозможува билките да се одгледуваат без земјиште на ѕидовите на зградата. Растенијата впиваат јаглероден диоксид и го претвораат во кислород, па оваа зграда, освен исклучителната архитектонска и ботаничка идеја, има и зелен карактер.

 

Сродна статија: Вертикалниот зелен ѕид во Париз

 

Извор: Dezeen

ОкоБоли главаВицФото