Мерач на време

19.06.2015 13:46

Златото во оган не се менува, иако жесток
те стокмува за урна во обична пепел.
Во жолтосива поштенска коверта стига
твојот венчален прстен што не изгорел.

Татко ми ме задолжи на гробиштата Сент Џејмс да кажам
и тој прстен печката на крематориумот да го проголта.
„Вечност“ ‒ испишано помеѓу нивните имиња,
гаранција дека и „подоцна“ тие ќе бидат заедно.

Го потпишав приемот на облеката како син,
џемпер, наметка, гаќи, градник, фустан ‒
службеникот телефонира: 6‒8‒8‒3‒1?
Дали е прстенот на нејзината рака? (кратка пауза)
Да!

Сега е на мојата дланка твојот светнат прстен!
Ги чувствувам главата, рацете, градите, матката, нозете, твојата пепел сјајна,
како сипи низ неговиот круг бавно, како низ онаа направа
во којашто гледаше некогаш кога вареше јајца.

Препев: П. В.

Тони Харисон (Tony Harrison, 1937), англиски поет, преведувач, драмски автор. Роден во Лидс. Харисон е мошне образован поет кој често се навраќа кон минатото барајќи ги корените на нетрпеливоста и злоставувањето. Поседува европска свест, што не е типично за Англичанец, па со леснотија се движи низ европската историја и географија. Склон е и кон маниризам и разни други естетски играрии.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото