Музиката како орудие за измачување: истражување на мрачната страна

02.10.2015 13:58
Музиката како орудие за измачување: истражување на мрачната  страна

Музиката, најголемата радост на композиторите, веќе долго време се користи за манипулирање со умовите на затворениците, мачење и уништување на нивните битија.

Кога зборуваме за начинот на кој нè допира музиката, обично првите асоцијации кои ни доаѓаат на ум се радост, страст, возбуда, меланхолија, па дури и бес. Но, музиката исто така може да има и многу помрачна употреба, а тоа е тема на која ретко се дискутира.
Во рубриката Why music?, на фрекфенцијата на Радио 3, музиколозите Мораг Грант и Сузан Кјузик акцентот го ставиле на вознемирувачката историја на употребата на музиката како тортура.

Поттик за голем дел од нивното истражување во текот на изминатите неколку години било откритието дека музиката била една од алатките кои се користат за да се деградираат и дестабилизираат затворениците во војната против тероризмот, во локации меѓу кои спаѓаат и Ирак и заливот Гвантанамо. На пример, обично се избирала музика која што е навредлива за кадарот на притворени затвореници. Покрај тоа. тонот на музиката бил пуштен неподносливо гласно и во непредвидливи периоди, што значи дека затворениците биле лишени од контрола на сонот, но исто така и од можноста да најдат простор кој не бил окупиран од неподносливиот звук.

Затвореници во Гвантанамо, Куба, 2002.

Гласната музика има моќ да навлезе дури до коските и да ги уништи битијата на затворениците, како и нивната надворешна средина. Но, овој податок не е карактеристика само на блиското минато: според истражувањето на Грант и Кјузик и некои други истражувања и сведоштва на заробувачите и затворениците, станува јасно дека употребата на музиката во конфликтни ситуации воопшто, а особено за мачење, има долга и мрачна историја особено во тоталитарните режими, во текот на 20 век, но и во многу други контексти од средниот век па натаму.

Како што потврдува истражувањето на Грант и Кјузик, музиката има неутрална вредност. Нејзината вредност зависи од она што ние ќе направиме од неа, и од начинот на кој ќе ја искористиме. Се разбира дека таа може да се користи како лек, како утеха, да понуди егзистенцијална трансцеденција и емотивно бегство, но исто така може да биде и претворена во оружје за измачување.

Резултатот од работата на истражувачите треба да придонесе во подигнување на свеста на повисоко ниво за да може употребата на музиката во конфликтни ситуации да биде препознаена и забранета во случаи кога се користи во контекст на суров, нечовечен или деградирачки третман. Ова е едно вознемирувачко читање на музиката, но истражувањето открива една мрачен феномен во музичката историја со кој треба да се соочиме и да му ставиме крај на неговото практикување.

Извор: www.theguardian.com

ОкоБоли главаВицФото