27 издание на „Скомрахи“ (6-10 ноември)

04.11.2015 12:05
27 издание на „Скомрахи“ (6-10 ноември)

„Скомрахи“ претставуваат интернационални студентски средби кои првпат се одржани во 1988 година како потреба на студентите за комуникација и размена на искуства и знаења со други академии и факултети. По распаѓањето на Југославија, идејата за средбите прераснува во идеја за собирање на студенти од цела Европа. Така во изминатите години на оваа манифестација учествувале повеќе од 25 академии и факултети од: Белград, Нови Сад, Љубљана, Прага, Приштина, Тирана, Сараево, Цетиње, Киев, Лоѓ, Глазгов, Братислава, Ташкент, Вроцлав, Варшава, Истанбул, Амстердам, T'ргу Муреш, Загреб, Букурешт, Солун.

Освен размена на искуства и знаења на студентите целта на Скомрахи е и афирмација на културата, афирмација на младите автори и изведувачи, остварување на лични контакти, како и соработка на проекти.

Оваа година од 6 до 10 ноември на Факултетот за драмски уметности по 27-ми пат ќе се одржи манифестацијата Скомрахи.

Во петдневната програма се вклучени девет академии од Балканот и Западна Европа кои ќе се претстават со девет театарски претстави, дванаесет филмски проекции и три работилници.

Програмата на Скомрахи ќе ја надополни и богата офф програма која вклучува музички бендови и изложби.

Свеченото отварање ќе се одржи во Драмскиот театар во петок (06.11) во 20 ч. со дипломската претстава „Сината соба“ на класата на проф. Златко Славенски.

За сите подетални информации околу манифестацијата посетете ја facebook страната на Студентскиот парламент на Факултетот за драмски уметности и Академска сцена.