Свер Малинг

17.02.16 18:09

Свер Малинг е норвешки визуелен уметник. Неговите дела, познати по прецизноста и комплексноста, содржат референци од класичната уметност, ботаниката, окултното, народната уметност, психоделија, и детски илустрации. 

Неговото студио е засолниште од „реалниот“ свет. Таму Малинг ги чува омилените книги, артефакти, постери и винил плочи, сè што му е потребно за да се внесе во работата. Во интервју за норвешкиот весник NattOgDag, Малинг го опишува својот однос кон студио:

„Голем дел од мојот живот е континуиран обид за прикривање на моите глупави, валкани и смешни страни. Среќен сум што го имам студиото, кое е еден вид игралиште каде што можам да бидам креативен и да ги изразам сите мои скриени мисли. Поминувам повеќе време таму отколку дома. Во подобри денови, кога ќе ми тргне работата, во студиото останувам и по десет до дванаесет часа. За среќа, никогаш не ми досадува.“

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото