Почина Алмир, детето кое со своите родители намерно беше прегазено

02.07.2016 11:04
Почина Алмир, детето кое со своите родители намерно беше прегазено

Синоќа во Скопје почина четиригодишно дете кое заедно со своите родители пред неколку дена намерно беше удрено од автомобил во Куманово..

Инцидентот се случи на 25 јуни кога по кратка расправија, кумановец со возило Мерцедес намерно удрил во двајца сопружници и нивното четиригодишно дете.

Таткото С.А.(1980) бил пренесен во кумановскиот Медицински центар, а неговата сопруга М.К.(1980) и детето како итен случај со возило на Брза помош беа пренесени на Детска хирургија – Државна болница Скопје.

Кумановецот кој ги прегази доби 30-дневен притвор и ќе одговара за убиство во обид.

Како што претходно информираа од Јавното обвинителство, семејството кое чекало ред пред амбуланта, одлучило да пушти друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за поитен случај. Таквата одлука предизвикала револт кај машко лице кое чекало во редот, по што започнала кавга. Тој ги чекал да излезат од болницата, и потоа тенденциозно ги удрил со возилото.

Извор: НоваТВ