Повик за Балканска стипендија за новинарска извонредност на БИРН

25.02.2017 13:09
Повик за Балканска стипендија за новинарска извонредност на БИРН

Повикот за новинарски апликации за Балканската стипендија за новинарска извонредност на БИРН за 2017 на тема „промена“ е отворен, а последен рок за пријавување е 8 март.

Доколку имате идеја за голема приказна и сакате да ја напишете според највисоките новинарски стандарди, со квалитетно уредување и буџет за трошоци за длабинско истражување и таа да биде објавена во различни регионални и глобални медиуми, аплицирајте за Балканската стипендија за новинарска извонредност.

Повикот за новинарски апликации за 2017 веќе е отворен.

Секоја година, 10 истражувачки новинари се избраат преку јавен конкурс со цел да се спроведат истражувања на тема со регионално и пошироко значење. Темата за 2017 година е „промена“, а последен рок за пријавување е 8 март.

Може да аплицираат искусни новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија и Србија.

Избраните кандидати добиваат стипендии до 2.000 €, средства за трошоци за патување и истражување со уредничко водење и менторство, како и можност да присуствуваат на меѓународни семинари.

Најдобрите три стории избрани од страна на меѓународно жири ќе добијат и награди во износ од 4,000 €, 3,000 € и 1,000 €.

Не пропуштајте ја шансата да станете дел од растечката мрежа на истражувачки новинари во регионот која се стреми кон совршенство во својата професија и аплицирајте.

Крајниот рок за пријавување е 8-ми март 2017 година, а формуларот за апликација, упатства и дополнителни информации се достапни на fellowship.birn.eu.com.

Извор: prizma.mk