Карикатури од твитовите на Трамп

05.09.2017 02:28
Карикатури од твитовите на Трамп

Претседателот Френклин Рузвелт имал радио, Џон Кенеди имал телевизија, а Доналд Трамп има Твитер.

Карикатуристот Шенон Вилер, добитник на престижната награда „Ајснер“, ги собра, курираше и им даде нов живот во форма на карикатури, на твитовите на најмоќниот човек во светот.

Книгата „In Sh*t My President Says: The Illustrated Tweets of Donald J. Trump“, се појави во книжарниците во САД неодамна, но веќе ја прогласуваат за најдобра книга во 2017 година. Аворот Шенон Вилер, како карикатурист работи за Њујоркер, MAD и The Onion.

„Највредните“ твитови на Доналд Трамп се трансформирани во сатирични карикатури, нудејќи субверзивен увид во умот на најконтроверзната политичка фигура на нашето време.

Добитиникот на Пулицеровата награда, Џек Оман, напиша дека Шенон Вилер нацртал книга што тој би сакал да ја напише.

Во предговорот на книгата Вилер пишува:

„Неговите имплицитни пораки не се за него, тие им се наменети на неговите читатели. Тој ги охрабрува неговите обожаватели: биди сексист, биди расист, биди бестрашен, биди себичен, мрази го и заплашувај го светот. Конзумирај, биди материјалист. Вози голем автомобил. Вози се колку што сакаш, има многу нафта насекаде во светот. Има доволно за тебе. Ако исчезне нафтата, Трамп ќе направи сѐ што треба за нафтата да продолжи да тече и бензинот да остане евтин. Уживај си, Трамп ќе биде интернационален силеџија за да бидете сигурни дека нашата империја е безбедна...

Не сакав да правам само карикатура и пародија од Трамп, сакав и да ја разберам неговата перспектива и каков одглас таа има кај неговите поддржувачи. Употребувајќи ги неговите сопствени зборови, сакав да покажам колку си противречи самиот на себе и читателите ги води кон преиспитување на реалноста. Се надевам дека на читателите им овозможувам да го разберат умот што го изгласавме. Сакале или не, невозможно е да го игнорираме.“

ОкоБоли главаВицФото