Отворено писмо до Курир

07.09.2017 11:08
Отворено писмо до Курир

Момчиња и девојки од порталот Курир. „Злото“ во мојата порака сте Вие. Последните слуги и измеќари на груевизмот. Паѓа тој, паѓате и вие.

Политичко ангажирани колумни пишувам од ноември 2014 година. Значи, добри два-три месеци пред објавата на „бомбите на Заев“. Еден сум од првите членови на Професорскиот пленум. Активна учесничка во сите можни протести против Владата на Груевски. Дел од Шарената револуција. Не сум член на СДСМ. Противник сум на авторитаризмот и на клептократијата. Според мене, олицетворение на тоа е феноменот наречен „груевизам“. Да резимирам, противник сум на груевизмот. До смрт. Бидејќи, неслободата за мене е смрт. Подобро да ме нема, отколку да прифатам лакејство, слугинство, полтронство, уцена, понижување и срам.

И затоа, како изблик на моите ставови, мислења и визии, пишувам колумни на сопствениот ФБ профил. Нив ги презема кој како стигне. Не ми пречи, бидејќи сите портали и весници досега тоа го правеле коректно. Ги пренесувале моите текстови во целост. Не сум барала авторство и од никого нема да побарам хонорар или заштита на моите права како пишувач на текстот.

Момчиња и девојки од порталот Курир. Вие вчера презедовте делови од мојата последна колумна „Ало СДСМ, добри сте?“. Повторувам, презедовте само делови, вадејќи од контекст цели пасуси и ставајќи ги во функција на нешто спротивно од суштинската порака на мојот текст. Со тоа направивте злосторство против вистината, бидејќи тоа што сте го протолкувале како мој став - не е мој став. Мојот став беше во последната порака од текстот, која не сте ја објавиле. Сте ја премолчеле. Таа гласи вака: „Дечки од СДСМ, навивам за вас. Бидете на висина на мисијата и малку поткренете го погледот над вашиот партиски хоризонт. Битката со злото сѐ уште не е добиена.“

Момчиња и девојки од порталот Курир. „Злото“ во мојата порака сте Вие. Последните слуги и измеќари на груевизмот. Паѓа тој, паѓате и вие.

Ви благодарам за шансата да ви се обратам онака како што ви доликува: Мрш, гниди низаедни!!!

P.S. Линкот до мојата „сецканица“ нема да го ставам за да не ви се крева читаност.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото