Поучна приказна за рускиот хрт

21.09.2017 12:10
Поучна приказна за рускиот хрт

Рускиот хрт (Барзој) е едно многу интересно куче. Многу е брзо. Велат, најбрзо меѓу кучињата. Меѓутоа, една негова постапка ја открива неговата - нарав, неговата природа.

Велат, кога трчало низ шумите, оние познати руски шуми полни со велелепни брези, се случувало (многу често), од големата брзина, кучето да налета на дрвјата кои ќе му се нашле на патот. И, трааааасс, со главата во дрво.

Барзој на кратко ќе подзастанел, ќе ја протресел главата и - повторно како ветер ќе се втрештел кон пленот.

До следното дрво.

И повторно: трааааассс. Со сета сила и брзина во новото дрво.

И повторно само ќе ја протресе главата, и нов јуриш...

А руските шуми, полни со дрвја...

Признавам, ја повторувам оваа поучна приказна. Ама, си велам, поучните приказни се поучни токму заради тоа - за да се повторуваат, бидејќи и грешките на луѓето се повторуваат.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото