Доброутро, градоначалничке Теута Арифи!

30.10.2017 13:13
Доброутро, градоначалничке Теута Арифи!

Според мене, а и според многу други људи заради работете што ги напраевте, односно не ги напраевте у прошлиот мандат не заслужуевте нов мандат, ама граѓаните гласаја и ви дадоја доверба за нови четири године.

Оваја доверба значи дека имате втора шанса да го напраете све она што не успеавте да го напраете у првиот мандат, а туе има многу, многу работе.

За да не ја изневерите оваја доверба ќе треба у најмала рука да ги напраете следниве работе:

1. Да бидете градоначалничка на свите граѓани на Тетоо. Знам дека звучи као флоскула, ама ова е основен принцип на кој што мора да се придржуете ако сакате да бидете добар градоначалник. За вас свите граѓани на Тетоо без разлика дали са Македонци, Албанци, Турци, Роми, дали жива у град или у село, дали гласале за вас или не, мора да бида еднакви. Само со креирање на политике што ќе се базираа на овја принцип може да бидете добар градоначалник.

2. Конечно да го решите проблемот со водата. Кој викам ова не мислим само на тоа да се напрае водовод што ќе носи вода од Шара и пречистителна станица што ќе ја процесира таја вода.

- Ова значи и дека водата ќе биде доступна у свите делои на Тетоо 24/7/365;
- Дека истата ќе биде технички и бактериолошки исправна;
- Дека градскиот водовод ќе има капацитет да ги прими новите количине на вода, односно дека нема да ни пукаа цевке низ град заради притисокот;
- Дека водата ќе се користи ефективно, однсно дека конечно ќе напраете нешто со људите што упорно ги наводнуаа тротоарите пред нивните дуќани, дека чешмете низ град ќе имаа систем кај што нема да шишти водата цело време, дека пералнете за коле нема да користа вода за пиење за да ги мија колете и многу други работе.

3. Да се обезбеди долгорочно и одржливо решение за ѓубрето. Неприфатливо е депонија која што се токалела со године (најголем дел за време на вашиот мандат) да биде исчистена тек у очи на избори и само од кој Владата пушти паре, Тетово е богата општина и мораше низ годинете да одвои 200.000 ЕУР за да се зачува здравјето на граѓаните.

Долгорочно решение значи дека ќе се напрае систем за управуење со отпад. Еве у Источна Македонија више глеамо примери кај што со ЕУ паре не само што се напраеле фисибилити студие за вакво нешто, туку слушамо дека ЕУ е спремна да инвестира и у инфраструктурата. Вие бевте Вицепремиер за ЕУ, ги знаете овја работе, а веруем дека Јани Макрадули е спремен да помогне.

4. Решение на сообраќајниот хаос у Тетоо. Људи ме зафркаваа дека ако знаеш да возиш у Тетоо ќе знаеш да возиш свегде, а причина за тоа е ужасниот сообраќаен хаос низ градот. Ова е нешто што мора да престане. У насока на ова:

- Мора да се заврши зонското паркирање со цел да се осигурате дека малите уличиња околу главните булевари, кај што нема зонско паркирање нема да бида затнати од коле само затоа што људите не сакаа да плата паркинг;
- Да се обезбеда алтернативни начини за движење низ градот. Ова би значело повише велосипедски путеке, како и можност за воведуење на јавен транспорт низ градот;
- Пробивање на тесните грла у Тетоо: пренасочуење на камионите што ида за Косово да не влагаа у град со тоа што ќе се напрае обуколница од аутопутот од Скопје према Порој, пробивање на улицата Благоја Тоска према Ауто прогрес, како и Илинденска према излез за Порој;
-
Реновирање на главните и споредни улице низ град, пошто многу од улицете у Тетоо са повише дупке него афалт.

Ова са основните работе кои што мора да се напраа пред да се почне било што друго.

Добивте шанса каква што ретко кој политичар добива, искрено се надевам дека за доброто на свите нас, а ја и другите тетовци ќе бидемо туе ве потсетуемо за тоа што не сте го напраеле.

Срдечно

Слика: Свирачиња