Тетовските студенти не добија студентски центар

03.10.2017 11:32
Тетовските студенти не добија студентски центар

Проект: Изградба на студентски центар, кој ќе вклучува простор за организацијата на изложби и други настани од културата, библиотека, читање, амфитеатар, кино, простор за одгледување на форми разни уметности.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи во својата предизборна програма „Заедно градиме“ (стр.91) за изборите во 2013 година, вети изградба на студентски центар во Тетово. Но, во изминатите четири години таа не успеа да го реализира ова ветување,

Во предизборието во 2013 година Арифи на тетовци им вети:

Ќе го направиме Тетово центар на богат културно-образовен и спортски живот со градска библиотека и со студентски центар, театар, кино, музеј и посебни простории за рекреација и забава. ( „Заедно градиме“ стр.80)

Две и пол години подоцна во ноември 2015 година, министерот за образование од редовите на ДУИ, Абдилаќим Адеми најави дека тогашната влада планира изградба на студентски дом во Државниот универзитет во Тетово. На 18.11.2015 година повеќе медиуми ја пренесоа информацијата од МИА во која се вели:

Нов студентски дом во Тетово наменет за Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и нова зграда за Медицинскиот факултет на овој универзитет најави министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска во Тетово, пренесува МИА.

Тој рече дека е донесена одлуката на Владата, како и дека проектот за студентски дом на ДУТ му бил еден од врвните приоритети.

ДУТ ќе стане поатрактивен, не само за студентите од Македонија, туку и за студентите од регионот, Албанија и Косово, рече Адеми.

И лидерот на тогашниот коалициски партнер на ДУИ во власта – ВМРО-ДПМНЕ, експремиерот Никола Груевски, во ноември 2015 година најави изградба на три студентски дома, меѓу кои и еден во Државниот универзитет во Тетово.

Во тек се подготвки да се направи сериозен проект со кој ќе може да се почне процедура за наоѓање изведувач кој ќе го гради домот, рече тогаш Груевски.

Во разговор со студенти од универзитетите во Тетово, како и при постетата на градот се уверивме дека во овој град не е изграден студентски центар.

Од достапните информации и прегледот на фактичката состојба, според која во Тетово нема нов студентски центар, може да се заклучи дека ова ветување на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи не е исполнето.

ИЗВОРИ:
• Програма за локалните избори 2013 година „Заедно градиме“ градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи [Пристапено 26.09 2017]
• Тајм.мк (18.11.2015): Адеми најави Студентски дом за ДУТ и нов објект на Медицинскиот факултет [Пристапено 26.09 2017]
• Стандард (18.11.2015): Адеми најави нов студентски дом во Тетово [Пристапено 26.09 2017]
• Канал 5 (18.11.2015): Адеми: Студентски дом за ДУТ и нов објект на Медицинскиот факултет [Пристапено 26.09 2017]
• Тајм.мк (14.11.2015): Груевски: Ќе изградиме три нови студентски домови [Пристапено 26.09 2017]
• МКД (14.11.2015): Груевски најави изградба на три студентски домови [Пристапено 26.09 2017]
____________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Извор: http://vistinomer.mk