1016 hPa
76 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 07:59
Иницијативата „Испечати го твојот град“ на холандското студио The New Raw предвидува рециклирање на отпадот од илјадници пластични ќеси, кои со помош на технологијата за 3-D печатење се претвораат во градска инфраструктура - пластични клупи.
Првиот модел на иницијативата „Испечати го твојот град“ е клупата „XXX Bench“, на која мора истовремено да седат двајца за да има рамнотежа, што го претвора овој предмет во убав симбол на солидарноста и меѓусебната помош. Клупата е тешка 53 килограми, број кој не е случаен, туку е еднаков на количината на пластичниот отпад кој двајца жители на Амстердам го оставаат зад себе годишно.
Print Your City! -3D printing in the Circular City- from The New Raw on Vimeo.
Извор: printyour.city