Рециклирањето пластика е катастрофа и „мит“

11.11.2022 02:22
Рециклирањето пластика е катастрофа и „мит“

Новиот извештај на Гринпис САД пружа страшна слика за рециклирањето во Соединетите држави: во суштина тоа е пропаднат проект.

„Индустријата за пластика и производи уште од раните деведесетти го промовира рециклирањето на пластиката како решение за пластичниот отпад. Приближно 30 години подоцна, огромна количина од пластичниот отпад во САД сè уште не може да се рециклира“, се наведува во извештајот. „Проценето е дека стапката на рециклирање пластика во САД опадна на околу 5-6 проценти во 2021 година, што е пад од високите 9,4 проценти во 2014 година и 8,7 проценти во 2018 година, кога САД извезоа милиони тони пластичен отпад во Кина и го сметаа како рециклиран, иако поголемиот дел беше запален или фрлен“.

Во 2020 година Гринпис САД објави истражување за рециклкирањето пластика во Америка кое вклучуваше околу 370 објекти за обновување материјали (МРФ) како дел од поголемото истражување за капацитетите на Америка за преработка на домашен пластичен отпад. Еден од клучните резултати беше дека само некои видови пластични контејнери навистина можат да се рециклираат - особено ПЕТ#1 и ХДПЕ#2 - но објектите за обновување материјали ги прифаќале и другите видови пластика, а потоа ги исфрлале зашто немало „купувач на крајниот пазар“. Но нештата стануваат уште полоши: ПЕТ#1 и ХДПЕ#2 кои не можат да се рециклираат сами, се намалија под прагот од 30 проценти кој беше воспоставен со иницијативата за економија на новата пластика на Фондацијата Елен Макартур.

Рециклирањето на пластичниот отпад не успева заради низа причини кои се сведуваат на: неможност за собирање и сортирање, токсичност по животната средина, синтетички композиции и контаминација и недостаток на економска изводливост.

Постојат илјадници различни видови пластика со различен состав кои не можат да се рециклираат заедно, а камо ли да се сортираат. Постројките за рециклирање пластика веројатно ќе се запалат зашто пластиката е запалива, а животот во близина на некоја постројка претставува огромен ризик за здравјето - земете ја предвид Турција која стана нова дестинација за извоз на пластичен отпад откако Кина го забрани увозот зашто големиот прилив на отпад од ЕУ доведе до нови здравствени ризици за кинеските работници и заедниците. Пластиката исто така може да апсорбира токсични хемикалии, што дополнително ги комплицира напорите за рециклирање и ѝ ја зголемува токсичноста. Згора на сè, рециклираната пластика чини повеќе од новата пластика заради претходно наведените фактори кои ги поттикнуваат компаниите да произведат повеќе наместо да бараат алтернативи.

Гринпис укажува на интервјуто од 2022 година со Крег Куксон, извршен директор за одржливост на пластика во Американскиот совет за хемија, каде Куксон инсистира дека „рециклирањето пластика е во развој, во споредба со рециклирањето хартија, алуминиум и челик“. Тоа е интересен начин да се зборува за индустријата која постои околу три децении, но овој вид реторика, која Гринпис ја отфрла како тактика за одложување, го следи она што неодамна го открија неколку слични истраги.

Во 2020 година, НПР и ПБС Фронтлајн неколку месеци ја проучуваа индустријата за рециклирање и открија дека „таа на јавноста ѝ продала идеја за која знаела дека нема да функционира - дека поголем дел од пластиката може да се рециклира и дека ќе биде рециклирана - сè додека се заработуваат милијарди долари од продажба на пластика во светот“. Во 2022 година, Атлантик објави есеј со наслов „Рециклирањето пластика не функционира и никогаш нема да функционира“ во кој се тврдеше дека индустријата ја лаже јавноста за основните пречки за рециклирање пластичен отпад, делумно заради исплатливоста на одржувањето на оваа приказна.

Научниците забрзано работат на нови откритија како полесно да се рециклираат одредени видови пластика или дури и мешана пластика која денес вообичаено се исфрла на депонија, со користење мешавина од хемиски и биолошки процеси. Сепак, постои уште подобра насока: напуштање на идејата дека пластиката за еднократна употреба може и треба и натаму да се користи.

„Дали ќе им дозволиме на компаниите да продолжат да го промовираат неуспешниот мит за рециклирање на токсичната пластика или ќе бараме клучна промена која драматично го намалува производството на пластика за еднократна употреба? Наместо да продолжат по ваквиот лажен пат, компаниите во САД и ширум светот мораат итно да ја укинат пластиката за еднократна употреба со замена на нивните амбалажи со системи за повторна употреба и дополнување и со нудење производи без амбалажа“.

Превод: Алек Кузмановски

Слики: Stéphan Gladieu

Извор: https://www.vice.com/

ОкоБоли главаВицФото