Зошто „биоразградливото“ не e она што мислите

25.12.2020 02:24
Зошто „биоразградливото“ не значи она што мислите

Загрижени сте за планетата и би сакале да ги избегнувате шишенцата и останатата пластика за еднократна употреба. Но, не е едноставно.

Ако користите производи на кои пишува дека се „биоразградливи“, тоа може да значи дека тие се разградуваат исклучиво под посебни услови, а тоа би можело да го искомплицира рециклирањето, објаснува Џејсон Локлин, експерт за материјали од Универзитетот Џорџија.

„Тоа е мошне збунувачки, не само за потрошувачите туку и за многу научници“, вели тој.

Еве четири примери на производи кои може да ги сретнете во речиси секоја продавница.

Пластика на база на пченка

Предметите направени од полиактичка киселина, односно ПЛА, вклучуваат шишиња, прибор за еднократна употреба, пластични филмови, некои ќеси и друго. Тие изгледаат како пластика направена од нафта, но ПЛА главно се добива од пченка или некои други растенија, како што се репката, шеќерната репка или касавата.

Лепенките на производите од ПЛА понекогаш ги опишуваат со зборот „разградливо“. Но тоа не значи дека треба само да ги фрлите на купот каде што се собираат отпадоци. За правилно да се разложат, овие производи мора да се испратат во фабрика за преработка.

Меѓу другото, процесот на индустриско разградување вклучува високи температури и прецизно контролирана влажност и не е достапен секаде. Што е уште полошо, ПЛА производите изгледаат како обични пластични шишиња кои можат да се рециклираат и имаат ознака ПЕТ (се прават од најобична пластика). Затоа многумина ги оставаат на купиштата за рециклирање, а тоа може да биде проблем и да го „загади“ целиот процес.

А доколку ПЛА отпадот се најде на депонија, таму ќе остане мошне долго.

Некои видови хартија

Многу ресторани се обидуваат да ги исфрлат цевките за пиење и да воведат хартиени. Исто така, хартиените шишиња сѐ почесто се перципираат како добра алтернатива за пластичните. Можат да бидат направени од одржлив и обновлив материјал (дрва!), па хартиените шишиња го привлекоа вниманието дури и на големите компании. Кока-Кола, пиварскиот гигант Карлсберг и произведувачите на вотката Абсолут се во дослух со Пејпер Ботл Компани и ги истражуваат можните опции.

Се разбира, можно е да се рециклира хартијата - но само под услов тоа да е само хартија. Но, шишињата и садовите на база на хартија се прават и од неколку слоеви материјали што не се од хартија, вклучително пластика или фолија. Веб страницата на една компанија која прави шишенца од хартија како своја цел ја постави „стопроцентната разградливост.

Влакна

Некои ресторани користат садови кои се направени и кои се рекламираат дека се „разградливи“. Тие се прават од багас, влакно кое се создава како нуспродукт во фабриките за преработка на шеќерна трска.

Можеби вашиот сад е „разградлив“, но само под услов да го складирате на вистински начин или да користите професионални услуги за складирање.

Не ги ставајте ваквите предмети во делот за рециклирање: материјалите кои доаѓаат во контакт со храна не поминуваат.

Бактериите помагаат

ПХА, односно полихидроксиалканоат, е нешто за што се зборува со години кога станува збор за биоразградливоста. Оваа биопластика, која може да ја создадат бактерии, има некои својства кои ветуваат: истражувањата покажуваат дека таа може да се разложи на обичните депонии. Во водите на океаните ќе се разложи за неколку години, што е многу подобро од 450 години, колку што ѝ треба на стандардната пластика.

Но голем предизвик претставува исплатливото производство.

Има пазар за производи кои не ја загрозуваат животната средина. Еден извештај наведува дека 34 проценти од потрошувачите се подготвени да издвојат повеќе пари за вода која се флашира во шишиња кои се стопроцентно биоразградливи...

На крајот...

Биоразградливите материјали се значајни и можат да помогнат да се намали количината пластика со која се соочува планетата, вели Џена Џамбек, професорка по заштита на животната средина на универзитетот Џорџија. Но таа е загрижена дека поголема штета отколку корист нанесуваат производите кои на прв поглед изгледаат пријателски настроени кон околината, а е тешко да се рециклираат.

„Мора да размислувате за тоа што ќе се случи на крајот од животниот циклус на секој производ“, вели таа.

Превод: Алек Кузмановски

Слики: Veronika Richterová

Извор: New York Times/International Report

ОкоБоли главаВицФото