Црви што можат да нè спасат од фасадите на Грујо!

05.11.2015 13:24
Црви што можат да нè спасат од фасадите на Грујо!

Црвите кои јадат пластика можат да нè спасат од уништување на планетата

 

Што предизвикува поголема одвратност: Чаша од стиропор легната на земја... или еден куп лигави, пулсирачки црви?
Чекајте! Што ако стануваше збор за поголема количина стиропор, можеби околу 33 милиони тони?

А што ако тоа не се само чаши, туку амбалажи од стиропор, шишиња за вода, и многу различни видови на отпадна пластика?

А, што ако сите тие пластични предмети не се расфрлани низ тревата, туку наместо тоа, се фрлени во еден огромен ров? Или уште полошо, што ако еден таков куп плови во океанот, и чека да биде проголтан од страна на некое гладно и беспомошно морско суштество?

Кога ќе си замислиме таква слика, одговорот се чини прилично очигледен.

Но, тука има еден нов и изненадувачки момент: Оние мали лигави црви можат да бидат вистинското оружје за борба против загадувањето од пластика во светот.

Време е да признаеме: Ние, како род, не сме многу добри во рециклирање.

Само во САД, секоја година се фрлаат околу 33 милиони тони пластичен отпад (вклучувајќи го стиропорот, кој во основа е мека пластика), а помалку од 10% од тоа се рециклира правилно.

Но, сето тоа не е само наша вина. Современите техники за рециклирање изминаа долг пат и донесоа многу подобрувања, но сепак не се совршени. Според веб порталот Popular Mechanics, ваков вид материјали кои се користат за правење на пластични шишиња можат многукратно да се рециклираат.

Тоа значи дека, на еден или друг начин, поголемиот дел од нив на крајот ќе завршат во депонија, каде што ќе им бидат потребни векови да се разградат.

Но, се чини дека сме на пат до едно неверојатно, иако можеби непривлечно, решение. Истражувачите откриле дека овие црви можат да јадат и само стиропор, да го претворат во биоразградлива материја, и да ги добиваат сите хранливи состојки кои им се потребни.

Ова сознание претставува навистина значајна и корисна информација.

Една колаборативна студија помеѓу Универзитетот Стенфорд и група кинески истражувачи открива дека 100 од овие црви, кои во суштина се ларви, можат да конзумираат речиси 40 милиграми стиропор дневно. Тоа не е многу голема количина (потребни се 453.592 милиграми за да бидат еднакви на 1 килограм), но последиците се многу, многу поголеми.

Постојат голем број на инсекти кои јадат пластика, но за првпат истражувачите потврдуваат дека она што излегува од другиот крај на телото на овие инсекти во вид на измет, всушност, е сосема природно. Па дури и добро? Јадењењето пластика не им наштетува на црвите.

Со други зборови, нешто магично се случува во организмот на овие црви што им овозможува пластичниот опасен отпад да го претвораат во безопасен пластичен органски отпад.

Проучувањето на хемиската животната средина во внатрешноста на стомаците на овој вид на црви, која го овозможува овој процес, може да доведе до стекнување на подобри техники за рециклирање.

Замислете, владини претставници пуштаат рој црви во депонија на едно епско гостење од шведската маса од разновиден отпад, но за жал, таа идеја се чини сосема надреална и неверојатна, бидејќи тие јадат многу, многу бавно.

Но, што ако би можеле да ги симулираме механизмите во внатрешноста на нивните стомаци кои ја разградуваат пластиката? Кога би можеле да ја пресоздадеме таа средина во пошироки рамки, не би морале да работиме толку напорно околу тоа да ги стопиме шишињата и да ги претвораме во нови шишиња.

Би можеле само да ги трансформираме во еквивалент на изметот на овие црви, за кој истражувачите велат дека може да се користи како ѓубриво за почвата и е целосно безбеден за Земјата.

Но, ништо од ова не е важно ако ние не се подобриме во нашето сортирање на ѓубрето и селектирање на работите кои треба да се рециклираат.

Ако одлучиме да работиме заедно со црвите, навистина можеме да направиме разлика, да се заштитиме себе и природата од опасниот пластичен отпад.

Извор: www.upworthy.com
Слики: Kitty Curran

ОкоБоли главаВицФото