Одржливи филџани изработени од талог од кафе

04.08.2022 15:06
Одржливи филџани изработени од талог од кафе

 

Чашите за кафе за еднократна употреба се несомнено штетни за планетата, па иако на некои места тие се целосно забранети, ќе продолжиме да ги чувствуваме ефектите од нашата потрошувачка со генерации.

Проценетите 250 милијарди чаши што колективно ги користиме секоја година честопати завршуваат на депониите и во океаните што придонесува за загадувањето, иако тие не се единствената штетна компонента во нашите утрински навики: талогот од кафе исто така ослободува гасови и ја оштетува почвата кога се фрла во големи количини - ова се  два проблеми кои дизајнерите зад иновативниот проект Kreis Cup сакаат да ги решат.

Овој проект, фокусиран на одржливост, комбинира талог од кафе со растителни материјали, создавајќи цврста супстанца обликувана во форма на чаша за патување и филџан за лате. Овие практични, рециклирани дизајни се безбедни за миење во машина, имаат двојни ѕидови за изолација и се целосно биоразградливи. Како дополнителна придобивка, тие дури и го задржуваат препознатливиот мирис на кафе.

Производот наречен Kreis Cup - што во превод значи „кружна чаша“ што реферира на кружната економија - моментално е во фаза на производство.


ОкоБоли главаВицФото