Изложба на урбаните уметнички акции

20.12.2017 12:51
Изложба на урбаните уметнички акции

Граѓанската иницијатива Урбани уметнички акции на 21 декември (четврток) ќе одржи изложба на повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени изминативе три години со посебен акцент на најпрепознаените акции спроведени во текот на 2017-та година.

Изложбата ќе се одржи утре во 20 часот во Мобилната  монтажна галерија која се наоѓа во Паркот на Франкофонија, во Скопје.

Идејата на проектот Урбани уметнички акции е да ги открива, реагира, комуницира па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сверата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите, невладиниот седктор и граѓаните кои се соочени со проблемот.

Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми.

Едновремено проектот користи уметнички пристапи и уметничка реализација и продукција за позитивно да влијае на урбаниот пејзаж вообличувајќи го и давајќи му додадена вредност со нови и иновативни естетски решенија.

Проектот е поддржан од:програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, Европска културна фондација и Фондација Отворено Општество Македонија.

 

ОкоБоли главаВицФото