Грција и Македонија можат и треба да бидат пријатели!

23.02.2018 01:18
Грција и Македонија можат и треба да бидат пријатели!

Оваа изјава следи како резултат на скорешните протести во двете земји по повод најавите за решавање на спорот со името од страна на двата премиери на Грција и Македонија


Скопје, 19 февруари 2018 

Во изминатите 25 години националистите во Македонија и Грција постојано се расправаат за тоа кој е „вистинскиот“ потомок на Александар Велики и наследникот на древната македонска цивилизација.

Меѓутоа, ние долупотпишаните, како и стотици илјади други луѓе секоја година ја преминуваме границата меѓу двете земји во кој било правец и сфаќаме дека „цивилизацијата“ на друга држава воопшто не е поразлична од сопствената или пак е слична со кралството на древните Македонци.

Ако го одделиме јазикот, начинот на кој луѓето изгледаат, се облекуваат, се среќаваат, заљубуваат, пеат, јадат, пијат, пливаат, се молат е практично исто на двете страни на границата.

Никој не ги „украл“ овие и оние културни елементи од другиот.

Сите овие елементи кои се споменуваат се наследство на целиот регион на Балканот.

Тие се наше заедничко пост-отоманско, 2000+ годишно наследство во доцниот капитализам и ја носат традицијата на антиавторитарните и антифашистичките борби на 20 век, многу повеќе од античкото наследство на Аристотел или Олимпија.

Ние цврсто веруваме дека никој не поседува никакво име или културна традиција, и ниту еден национален идентитет не е повеќе или помалку „вештачки“ од кој било друг.

Името Македонија, како и многуте македонски културни, музички, јазични и други традиции, не треба да биде елемент на поделба меѓу земјите и народите, туку треба да се сметаат за заеднички ресурс и врска меѓу популациите, почит кон само-определување на сите, без оглед на нивното етничко потекло или бројот на години на кои тие биле присутни на Балканскиот полуостров.

Наместо да се обраќаме кон НАТО и другите моќни меѓународни организации како судии, во приод од врвот надолу треба да ги отвориме очите и да видиме дека сомнежот и омразата најдобро се одбегнуваат одоздола, кога луѓето ги сфаќаат нивните заеднички карактеристики и ги прифаќаат нивните разлики без да ги трансформираат во бинарни опозиции.

Балканските општества досега имаа доволно страдања.

Време е да се фокусираме на сè што го обединува Балканот - не само Грција, ниту Македонија.

Нема ништо за нас да се плашиме... Можеме да бидеме пријатели и можеме да го докажеме тоа.


# # #

Грчко - Македонско пријателство. Најдете нѐ на Фејсбук. Да бидеме пријатели.