Промоција на македонски стрипови во Косово

04.05.2018 01:18
Промоција на македонски стрипови во Косово

На покана од Здружението на карикатуристи „ХиТХи“ од Урошевац, Косово, Томе Трајков, претставник на Стрип центарот од Велес, во рамки на изложба на карикатури и стрип одржа промоција на стрип книгата „Порто Палермо“ и на интернационалниот стрип конкурс.

„Без оглед што оваа изложба е организирана од здружение на карикатуристи, истото ми направи чест и ме покани, претпоставувам заради досегашната поддршка што Стрип центарот на Македонија од Велес скоро деценија ја дава на младата и неразвиена стрип сцена на Косово. Со заеднички договор со организаторите, на изложбата ќе бидат изложени и стрип дела на млади автори од Косово,веќе објавени на еден од изминатите интернационални стрип салони во Велес. Исто така, ќе одржам мини промоција на стрип книгата „Порто Палермо“ наше издание на албански јазик на младата и афирмирана Герта Опараку од Албанија.

Се разбира дека акцент ќе се даде и на промоција на интернационалниот стрип конкурс, којшто македонскиот стрип центар традиционално го организира во склоп на интернацаионалниот стрип салон „Велес 2018“, вели Трајков.

Тој потсетува дека крајниот рок за пријавување е 15 август 2018 г. а за пријавување и повеке информации заинтересираните може да ја користат адресата: strpkonkurs@gmail.com