Конференција „Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија“

08.05.2018 01:53
Конференција „Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија“

Се одржа првиот дел на меѓународната конференција „Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија“, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.

Во МСУ, вчера (7 мај), се одржа првиот дел на меѓународната конференција „Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија“, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија, на која учестуваа Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка, ФООМ, Денис Томасини-Јоши, претставничка на Програма за јавно здравје на Фондации Отворено општество, Оливер Ристовски, заменик министер за правда и Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, која ја истакна тесната соработка на МТСП со граѓанските организации кои што имаат полесен пристап до граѓаните кои се маргинализирани: ,,Мислам дека е тоа клучот на едно отворено владино партнерство, затоа што без комуникација и без партнерско вклучување на граѓанските организации кои што директно работат и живеат со овие групи, невозможно е да сметаме дека системот има капацитет може да биде достапен за сите во исто време. Но, граѓанинот може преку медијација и преку каналите кои се веќе воспоставени да ги остварува правата загарантирани со закон“, рече Царовска

Во панел дискусиите на темите „Зошто се потребни истражвања за правните потреби?“ и „Правните потреби на маргинализираните заедници“, експертите Паско Плесенс од Правниот факултет на Универзитет Лондон, Ирина Димитриовска Микеска од секторот за бесплатна правна помош и политички систем на Министерство за правда и Христина Василевска Димчевска, координаторка на програма во ФООМ ги изложија новите сознанија во оваа област. На конференцијата учестуваа повеќе експерти од странство: Ралф Јургенс, координатор за човекови права, Глобален фонд, Аб В. Кари, научен соработник во Канадски форум за граѓанско право, Озгуд Хол, Правен факултет Јорк Универзитет, Торонто, Наталиа Камбуриан, од Сорос Фондација Молдавија, како и претставници на организациите ХОПС, Реактор, од здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Конференцијата продолжува денеска во МСУ, од 11 часот со панели за моделите на правната помош во Македонија.

фотографии: Ванчо Џамбаски

 

ОкоБоли главаВицФото