Македонски гастарбајтерски патриотизам

09.08.2018 12:42
Виц икона

Македонски гастарбајтер одговара на новинарско прашање:
Ве молам како е вашето име ?
– Џорџ.
Каде сте роден?
– Во мојата мила и непрежалена Македонија.
Колку време живеете во Австралија?
– 30 години.
А како е вашето вистинско име?
– Ѓорѓија.
А зошто сега се именувате со Џорџ?
– Па морав да го променам името бидејќи овде во Австралија никој не ме прифаќаше и не можеа да го изговорат моето родено име, не можев да најдам работа а децата ми гладуваа па решив да го сменам името.
А што мислите за Македонија?
– Сe најдобро и само така да продолжи. Името никако да не го менува. Ако треба леб и сол да јаде важно Македонија да биде.

 

ОкоБоли главаВицФото