Колку печатени книги има во светот

13.08.2018 00:32
Колку печатени книги има во светот

Судејќи според сè, од првата печатена Библија на Гутенберг во 15 век до денес, во светот се објавени и испечатени околу 135 милиони книги. За да ги прочитате сите до една, ако читате со просечна брзина од 30 страници на час и ако го правите исклучиво тоа, ќе ви бидат потребни повеќе од неверојатни 60 000 години.

Со нашата нова насловна илустрација, со полицата која во морето можни приказни открива некои што ги осветлуваме, се запрашавме колкав впрочем е вкупниот книжевен фонд на нашата цивилизација – тој непрегледен океан на знаења, идеи, емоции и инспирации претворени во печатени букви на хартија. Се покажа дека, со оглед на бројот јазици, култури и традиции во кои се печатени книгите, не е нималку лесно да се одреди бројот објавени наслови.

На ова прашање на почетокот од оваа деценија се обиде да одговори Google Books, проект на оваа компанија кој се занимава со дигитализација на книги. Гугл ги пребројал и анализирал сите познати ИСБН броеви – станува збор за меѓународен број кој библиотекарите му го даваат на секој објавен наслов, но и базата на американската Конгресна библиотека, архивите со стари книги и други разновидни библиографии.

Имајќи предвид дека многу наслови имаат повторени изданија, изданијата околу кои спорат издавачите со децении, па и повеќе ИСБН броеви, а таков број им се доделува и на аудио изданијата, интелигентниот софтвер на Гугл прегледал околу 600 милиони потенцијални изданија и дошол до податок дека до крајот на 2010 година во светот биле објавени 129 864 880 различни книги.

Од друга страна, според податоците што ги собира УНЕСКО од целиот свет, а кои ги анализираше Worldometers, во текот на една година во светот се објавуваат околу 700 000 нови наслови, што инаку е значително повеќе отколку во претходниот век (иако вообичаено погрешно се мисли дека печатот изумира). Со таков тренд, осум години откако Гугл ги преброја сите книги, бројот објавени наслови порасна на околу 135 000 000.

Секако, сосема е невозможно да се одреди точната бројка поединечни примероци на книги кои излегле од печатниците. Некои од тие наслови се и буквално печатени во повеќе милиони примероци, повеќето во неколку илјади или неколку стотици, додека има и значителен број наслови, опскурни дела или пак херметички докторски тези кои се објавени само во неколку примероци.

Но, она што е мошне интересно, ако бројот објавени изданија се спореди со бројот жители на планетата ќе се покаже дека една книга е објавена на секои 50 живи луѓе. А, која книга нема барем 50 читатели?

Извор: http://naukakrozprice.rs

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото