Сè што треба да знаете за брзата храна

23.09.2010 11:58
Се’ што треба да знаете за брзата храна

Во ерата на брзо живеење, луѓето немаат време за да си ги подготвуваат оброците и сè повеќе тоа им го препуштаат на светските ланци за брза храна. А колку е тоа здраво?

Во 1921 г. како прв ланец на ресторани за брза храна се формира компанијата White Castle.

Во 1948 г. МекДоналдс влегува во индустријата за брза храна.

Во 1951 г. изразот „брза храна“ влегува во речникот Merriam-Webster. Истата година за првпат се појавуваат ресторани за брза храна во кои храната се служи во автомобилите кои само поминуваат низ нив.

Како рестораните за брза храна заработуваат толку многу? На газираните сокови тие заработуваат и до 1200%, додека на помфритот заработуваат до 500% повеќе од вистинската цена на производот.

МекДоналдс работи во 126 земји и вработува околу 400 000 луѓе. Со 13 000 ресторани во САД, МекДоналдс претставува најголемиот купувач на говедско и свинско месо, како и на компири.

„Супер тешките потрошувачи“ се оние потрошувачи кои ги посетуваат рестораните за брза храна најмалку десет пати во месецот. Во продажбата на МекДоналдс тие имаат уддел и до 75%.

Процент од населението кое консумира брза храна барем еднаш во неделата:

61% во Хонг Конг;
59% во Малезија;
54% на Филипините;
50% во Сингапур;
44% во Тајланд;
41% во Кина;
37% во Индија;
35% во САД,
14% во В. Британија;
3% во Шведска.

Просечен внес на калории по земја:

1500 во Конго;
1800 во Етиопија;
1880 во Ангола;
1940 во Руанда;
3760 во САД.

Еден хамбургер може да содржи месо од дури стотина различни крави.

Помфритот во МекДоналдс е зачинет со неодреден „животински производ“.

Истражувањата покажаа дека милкшејковите со вкус на јаготки содржат и до 50 различни хемикалии.

ОкоБоли главаВицФото