Презентација на Гергели Ласло во МСУ

12.10.2018 01:00
Презентација на Гергели Ласло во МСУ

Во сабота (13 октомври), во Музејот на современата уметност, во 20 часот презентација ќе одржи Гергели Ласло (Gergely László).

Презентацијата е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.

Од 2004 година Гергели Ласло (1979) е член на уметничкиот колектив Техника Швајц (Tehnica Schweiz) заедно со Петар Ракоси (Péter Rákosi) (1971), а во неколку наврати соработувале со српската уметничка Катарина Шевиќ (1979). Ласло и Шевиќ моментално живеат во Берлин. Помеѓу 2002 и 2012 година, во Будимпешта, тие биле вклучени во водење на неколку уметнички простори, меѓу кои и Dinamo, Impex - Contemporary Art Provider и Lumen Foundation.

Нивната работа е поттикната од денешните социјални дихотомии, а нивните уметнички методологии се базираат на сложени процеси на работа со повремена употреба на архивирани документи. Нивните проекти се придружени со перформативни ситуации и настани, експериментирајќи со tableaux vivants, комедија, антички хор или аматерски изведби, во кои ликовите земаат симболични улоги. Тие се заинтересирани за алтернативни канони на знаење и делата носат критичен и политички потенцијал. Нивните последни дела “Stummer Diener”, “Alfred Palestra” (2014) и “The Curfew” (2017) се однесуваат на стратегии за радикална педагогија, испитувајќи ги традиционалните средства за трансфер на знаење.

Тие имаат меѓународни самостојни и групни претстави, вклучувајќи: Archive Kabinett, Берлин; OFF-Biennale Budapest; Le 19 CRAC, Monbelliard; acb Gallery, Будимпешта; Play Time / Les Ateliers de Rennes, Рен; New Museum, Њујорк; Secession, Виена; Музеј на современа уметност на Војводина, Нови Сад; 21er Haus, Виена; Künstlerhaus Bethanien, Берлин; Apexart, Њујорк. 

Програмите на Проектниот простор Прес ту егзит се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани од Министерството за култура на Република Македонија. 

 

Слични содржини

Уметност

ОкоБоли главаВицФото