Почина финскиот писател Арто Пасилина

17.10.2018 13:51
Почина финскиот писател Арто Пасилина

На 77-годишна возраст почина Арто Пасилина, еден од најпознатите современи фински писатели. Пасилина почина во понеделникот вечерта во дом за стари лица во местото Еспо, вториот град по големина на југот од државата.

Пасилина зад себе остави 35 романи и 12 нефикциски дела, преведени на 27 јазици. Познат е по својот специфичен хумор, со кој духовито и во исто време реалистично ja опишува морбидната финска средина, а во своите книги се соочува и со болни човечки проблеми како што се: душевните болести, групните самоубиства, маргинализацијата и осаменоста.

Пасилина е роден на 20 април 1942 година во Китила, Финска, во студената Лапонија. Пред да стане еден од најуспешните фински писатели, долги години работел како новинар. Во својата писателска кариера продал околу десет милиони книги. За своите дела има добиено има добиено повеќе фински и меѓународни книжевни награди.

Неговиот најпознат роман, Година на зајакот (1975), станува бестселер во Финска и во Франција, преведен е на 18 јазици, има добиено три меѓународни награди, а по романот се снимени два долгометражни филма.