Накит за генерацијата киборзи

29.09.2010 13:47
Накит за генерацијата киборзи

Класичното сфаќање на убавината сигурно не било инспирација за дизајнерот на накит Imme van der Haak. Попрво би можеле да кажеме дека инспирација му биле репликантите од филмот „Blade Runner“.

Позлатениот накит на Ван дер Хаак ги украсува невообичаените места на човековото тело: ноздрите, ушната школка или очната шуплина. Иако е суптилно дизајниран и обликуван, резултира со целосна дисторзија на човечките делови на телото, а за негово носење потребна е голема храброст.

Дизајнерот бил воден од идејата за екстремен пирсинг, но резултатите ги постигнува без вистинско дупчење. Колекцијата се состои од осум позлатени лимени предмети од чие носење и користење воопшто не се чувствува болка.

Име ван дер Хаак својата колекција ја објаснува на следниов начин: „На разигран начин во своето дело се занимавам со идеите кои се чинат очигледни и ’нормални’. Низ фотографиите, филмовите и предметите го преобразувам човечкото тело, користејќи материјали кои ги поврзуваат деловите на телото, ја менуваат силуетата или на некој друг начин го модифицираат телото. Мојата замисла не беше да шокирам, туку да покажам дека секој облик си има своја убавина. На овој начин го коментирам стандардното сфаќање на убавината“.

Извор: immevanderhaak.nl

ОкоБоли главаВицФото