Ќе направам сè што ќе посакаш за 10 евра, но само под еден услов!

27.12.2018 11:58
Виц икона

Трпана седи на шанк, ужива во коктелот и гледа во еден згоден, отмен и секси маж што седи во кафулето.

Тој ѝ приоѓа и пред таа да успее да му се извини за непријатното “зјапање“ ѝ шепнува на уво:

– Ќе направам сè што ќе посакаш за 10 евра, но само под еден услов!

Трпана изненадено прашува кој е условот, а тој одговора:

– Мораш во три збора да ми опишеш што сакаш да ти правам!

Таа кратко размислува, со насмевка му ги става во рака клучевите и му шепнува:

– Исчисти ми дома!

 

ОкоБоли главаВицФото