Вилата и брачниот пар

31.12.2018 13:00
Виц икона

Вилата му рекла на брачниот пар:

- За узорниот брак од 35 години на секого од вас ќе му исполнам по една желба.

- Сакам патување низ светот со своето најмило маженце - рекла жената.

Вилата замавнала со своето стапче, и „пуф“, два билета се создале во нејзината рака.

Дошол редот и кај мажот. Тој за момент размислил и рекол:

- Значи, мигов е навистина мошне романтичен, но ваква шанса се пружа еднаш во животот. Жал ми е, љубов моја, но желба ми е да имам жена 30 години помлада од себе.

Сопругата била длабоко разочарана, но желбата си е желба. Вилата замавнала со стапчето, и „пуф“... одеднаш мажот станал стар 90 години.

Поука на приказната: Мажите се можеби расипани, но вилите сепак се жени.

 

ОкоБоли главаВицФото