1021 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 02:59
Урош Савковиќ и Мирко Ѓорѓевиќ
Двајца млади биолози, Урош Савковиќ и Мирко Ѓорѓевиќ, чии имиња убедени сме дека ќе имате можност сè почесто да ги слушате во јавноста, развиваа едно, на многу начини возбудливо истражување во Лабораторијата за еволутивна биологија на Институтот за биолишки истражувања „Синиша Станковиќ“.
Оваа лабораторија ја основал еволутивниот биолог Никола Туциќ (1946-2015), кој е основоположник на модерното изучување на еволуцијата во Србија. Пред повеќе од 30 години во истата оваа лабораторија Туциќ започнал експеримент во областа на таканаречената квантитативна генетика, на инсект кој се вика гравов жижок (Acanthoscelides obtectus). Жижокот е ситен инсект кој главно може да се види во складиштата со грав, инаку најраспространетото мешункасто растение на планетата кое во Србија се одгледува на повеќе од 20 000 хектари земја.
Во оваа лабораторија жижокот живее веќе со децении и тоа на Туциќ и истражувачите кои го продолжиле неговиот експеримент, им овозможило да го следат развојот на овој инсект и да одговорат на бројни прашања за преживувањето и репродуктивната способност на лабораториските популации.
Собраното знаење за промените на генетскиот материјал на жижокот, на Урош Савковиќ и Мирко Ѓорѓевиќ, меѓу другите истражувања, им овозможило да се позанимаваат и со глобалниот проблем кој е поврзан со штетните инсекти.
Имено, во борбата против инсектите кои му нанесуваат огромна штета на земјоделството или пренесуваат болести како што се вирусот зика, маларијата и жолтата грозница, само во Европската унија годишно се продаваат приближно 200 000 тони инсектициди, што е четвртина од вкупниот светски пазар на овие активни супстанци. Барем засега тие се најделотворно средство. И иако беа најголем фактор за раст на земјоделството во 20 век, на планетата која храни 7,5 милијарди луѓе, инсектицидите станаа непрактични, но делумно и штетни. Инсектицидите „не ги избираат“ многу своите жртви па со нивната употреба го уништуваме биодиверзитетот и му нанесуваме штета на човечкото здравје заради што стана нужно да се пронајде некое сосема поинакво решение за борба против штетните инсекти.
Гравов жижок
Ѓорѓевиќ и Савковиќ сега развиваат техника за биоконтрола која не е штетна за животната средина и човечкото здравје, а истовремено дејствува долгорочно и специфично.
Нивниот проект се концентрира на еволуцијата на митохондриите и клетките на жижокот. Инаку, тоа се органели кои вршат синтеза на енергијата од клетките. Исто така, митохондриите поседуваат сопствен ген и се наследуваат исклучиво преку мајката. Мајката жижок може да има (содржи) некаква генеричка мутација која има штетен ефект кај мажјаците, но е сосема неутрална за женките. Такви примери видовме и кај луѓето кога на пример, само машкото потомство има некаква генетска аномалија додека кај жените во истото семејство таа не се изразува. Инаку, ваквиот еволутивен процес во науката е познат како „мајчинска клетва“.
Ако во природата пуштиме такви „тројански“ женки жижок кои имаат мутација на митохондриската ДНК чиј единствен видлив ефект е стерилно машко потомство, во следната генерација и женките би добиле „тројански“ плодни „репродуктивно способни“ ќерки и стерилни синови. Тие синови ќе останат без потомство, додека ќерките својата мајчинска клетва ќе ја пренесат на новата генерација.
Во практиката, тоа не би предизвикало „помор“ на гравовиот жижок туку нивниот број од генерација на генерација постепено ќе се намалува. Слична техника досега експериментално е потврдена само кај винските мушички (кои не се штетни инсекти) и нивната популација годишно се намалувала за околу 8 проценти, додека после 10 генерации останале само 10 проценти од популацијата.
Со примена на овој метод потребата од инсектициди се намалува, влијае исклучиво на штетниот вид, безболна е, не го загрозува човечкото здравје, а и потребен е многу помал човечки ангажман и помалку пари.
Овој експеримент на Урош Савковиќ и Мирко Ѓорѓевиќ засега „живее“ во малата лабораторија преполна со тегли, грав и жижоци. До сликите на професорот Туциќ и Чарлс Дарвин, секој ден во добро расположение тие ги отвораат теглите и ги бројат жижоците не размислувајќи премногу дека нивниот експеримент би можел несогледливо да го промени животот на целата планета.
Извор: http://naukakrozprice.rs