Вучиќ им се закани на Албанците дека ќе ги нападне со говор долг 17 часа

29.05.2019 14:06
Вучиќ им се закани на Албанците дека ќе ги нападне со говор долг 17 часа

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предупреди властите во Приштина дека, доколку нивните сили не се повлечат од северот на Косово, ќе интервенира со говор од 17 часа за да ги заштити Србите на Косово.

Вучиќ ги повика приштинските власти веднаш да ги прекинат сите акции на северот од Косово инаку ќе мора да прибегне кон употреба на едно од најразорните оружја кои ги има Србија.

- Хаубиците и пушките убиваат луѓе, а говорите на Вучиќ можат да ги уништат на клеточно ниво. Србија не сака да прибегне кон употреба на ова страшно оружје, но ќе го употреби ако биде принудена - наведе извор од кабинетот на претседателот на републиката.

Воените експерти велат дека можеме да сметаме дека ситуацијата е мошне сериозна штом Србија одлучила да ѝ се закани на албанската страна со говор на Вучиќ. Досега, како што наведуваат, парадиравме и ги одвраќавме противниците од агресија со оружја како што се „Милош“ и „Лазар“, а отсега тука е и „Александар“.

- Добро е познато дека говорите на Вучиќ од 17 часовен калибар се распрснуваат во широк прстен, а зрната на досадата уништуваат сѐ што ќе им се најде на патот. Исто така, на ова оружје не му е потребно полнење, како ни пауза, зашто претседателот за 17 часа дејство воопшто не мора да оди во тоалет. Крајно невообичаено е тоа што претседателот посегна кон оваа закана зашто поопасно од ова е на непријателот да му се заканиме со патриотски говор на Вулин - наведе експертот за тешко вооружување Миливоје Тодоровиќ и заклучи дека се надева дека заканата сепак нема да се оствари зашто говорите на Вучиќ речиси по правило имаат и колатерални жртви.

Извор: https://www.njuz.net/