Акција со налепници: Паркирањето на овој автомобил е нeодговорно!

29.05.2019 17:01
Акција со налепници: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ паркирањето на овој автомобил е нeодговорно

Единицата за брзи артивистички акции опомена стотина несовесно паркирани возачи во Скопје: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Паркирањето на овој автомобил е нeoдговорно! Ве молиме, следниот пат паркирајте одговорно. 


Живееме во состојба на алармантна урбана некултура: сообраќаен хаос, непочитување на сообраќајни прописи, недостаток на услови за непречено и безбедно движење со велосипеди и пешаци, непрописно паркирање...


Причините за ваквата неодговорноста на граѓаните кон овие состојби се многубројни, но останува фактот дека тоа што најмногу недостасува е немањето свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.

Во недостаток на сериозен акциски план за решавање на овие проблеми сметаме дека како единица ја имаме таа општествена одговорност да реагираме на овие процеси и сметаме дека со оваа акција можеме да допринесеме кон подобрување на состојбите во урбана култура.


Налепниците за неправилно паркирани коли се директна акција кон луѓето кои ги кршат правилата, и адресирани се во вистинско време на вистинско место.

Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.


 

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Јавни простори / Живот
Активизам / Јавни простори / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото