Акција против хидроцентрали на Жировничка река во Маврово

15.07.2019 00:19
Акција против хидроцентрали на Жировничка река во Маврово

Во националниот парк „Маврово“, активисти и граѓани излегоа на акција за зачувување на Жировничка река. Тие побараа да запре изградбата на хидроцентрали во овој регион и да се зачува животната средина.

„На Балканот илјадници се погодени од хидроенергетското цунами. Населението ја губи водата за пиење и наводнување, нивните домови или обработливо земјиште, пејзажот што го уживале со генерации. И покрај огромното влијание врз нивниот живот, повеќето засегнати заедници никогаш не се информирани за хидроенергетските проекти во нивните “дворови”, ниту пак се консултирани за одлуките кои директно го засегаат нивниот живот“, велат од здружението Фронт 21/42.

За оваа цел месец јули е месец е месец на акција против цунамито од хидроцентрали на Балканот, а луѓето од 7 балкански земји ќе го кренат својот глас за да ја пренесат пораката дека хидроцентралите не само што го уништуваат биодиверзитетот туку го уништуваат квалитетот на живот на населението кое со години ја ткаела културата на соживот со реките.

Три ХЕЦ се планирани на Жировничка река. За две ХЕЦ – Жировничка 5 и Жировничка 6, постапката за концесија започна во 2014 а концесиските договори беа потпишани во 2015 година. За третата – Жировничка 3, постапката за прибирање понуди за концесија започна во јануари 2019 година. По силен притисок на граѓанските организации и локалното население, во мај оваа година Владата ја сопре постапката за Жировничка 3.

За ХЕЦ Жировничка 5 и ХЕЦ Жировничка 6 издадени се сите дозволи а инвеститорот најави почеток на градба во април 2019 година. Благодарание на активностите на граѓанските здруженија и локалното население отпочнувањето на градежните активности е суспендирано до крајот на јуни. По овој месец заканата од почеток на градбата продолжува, информираат од Фронт 21/42.

Хидроцентралите се лоцирани во недопрената долина на реката Жировничка која изобилува со зрела букова шума, во зона на паркот во која ваков тип на активности се забранети – зона која претставува дом на кафеавата мечка, Балканскиот рис и дивокозата.

Извор: https://www.radiomof.mk

Слични содржини

Општество / Активизам / Став / Екологија
Активизам / Јавни Простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото