Колку од текстилните работници би пријавиле повреда на нивно право?

29.07.2019 00:22
Колку од текстилните работници би пријавиле повреда на нивно право?

Здружението „Гласен Текстилец“ објави два инфографици на кои се прикажани податоците кои ги добиле од истражувањето направено со работници во текстилната индустрија за тоа колку тие се запознаени со своите права.

На првиот инфографик е прикажана половата структура и возрасната група на која припаѓаат вработените во текстилната индустрија од Источниот регион на Северна Македонија, додека вториот инфографик содржи податоци за тоа дали текстилните работници/чки би се обратиле до Трудовиот инспекторат, или некое од здруженијата кои работат на полето на работничките и човековите права, доколку сметаат дека нивните права се прекршени.

Оваа активност на „Гласен Текстилец“ е дел од проектот „Преку едукација до подобрување на статусот на текстилните работнички и младите жени во општеството“, финансиран од Европската Унија, суб-грантиран од The Kvinna till Kvinna Foundation и Организација на жените на општина Свети Николе.

Извор: https://www.radiomof.mk